Cекторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Р.Т.(44) од село Оризари, Kочанско поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела ,,злоупотреба на службена положба и овластување”.
Таа во својство на вршител на должност директор на ЈОУ Библиотека ,,Искра” Кочани во 2017 година злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, во два наврати постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, на тој начин што без да спроведе постапка за јавна набавка, фаворизирала два правни субјекти.
,,Во 2017 година ангажирала правен субјект од Кочани преку непосреден договор за услуга за одржување и поправка – вршење градежни активности во ЈОУ Библиотека ,,Искра” Кочани и Оризари без притоа да биде спроведена постапка за јавна набавка на услуги.Исто така во текот на 2017 година за услуги за патен транспорт (такси услуги за вработените), фаворизирала едно правно лице од Кочани без да спроведе постапка за јавна набавка и без истите услуги да бидат предвидени во планот за јавни набавки на Библиотеката”, соопшти МВР.