Совети како да помогнете некому при паничен напад

Напад на паника се случува при ненадејно губење на контрола над емоциите. Панични напади најчесто имаат личности кои се постојано напнати, често се загрижени, со изразена потреба да им се допаднат на останатите и се трудат да им угодат на другите. Тоа се луѓе кои постојано внимаваат да не направат грешка, пречувствителни се и за себе постојано велат дека не трпат неправди.

 

Експерти за Guardian предлагаат седум начини на кои би можеле да помогнете во текот на паничен напад:

1. Останете прибрани

„Ако имате краток напад на паника можеби е корисно покрај себе да имате некој кој би ве охрабрувал со зборови дека тоа ќе помине“, вели професор по клиничка психологија и применета наука. Важно е нападот да помине и да не дојде до нови пречки. Само ако останете прибрани може да пружите некому сигурност

 2. Информирајте се

Повеќе од 13 проценти од луѓето се подложни на напади на паника, кои можат да бидат многу силни и вознемирувачки. Препознајте ги симптомите, нападите на паника можат да траат меѓу 5 и 30 минути, со симптоми како што се забрзано дишење, потење, забрзана работа на срцето, тресење и мачнина.

3. Поттикнете длабоко дишење

Охрабрете ја личноста во нападот на паника да дише полека и длабоко. Некои препорачуваат да броите на глас или да барате да ве гледаат додека мирно ја кревате раката горе и доле. Постојат и водичи за смирување кои вклучуваат вежби за дишење.

4. Обидете се со „спуштање на земја“

„Некои од симптомите на напади на паника не мораат да бидат втемелени во реалноста“, вели Мартин Антони, професор по психологија на Универзитет во Торонто. Техниките на приземјување или други начини да се чувствувате поврзани со сегашноста, можат да бидат делотворни. Затоа, фокусирајте се на текстура на ќебе, мирис на нешто или допри.

5. Не бидете одбојни туку добронамерни

Вашата реченица „не паничи“ може да биде добронамерна, но обидете се да избегнувате изрази и фрази кои би можеле да звучат одбојно. Немојте да ги омаловажувате, паничните напади се меѓу најинтензивните искуства низ кои може да минете.

6. Охрабрете ги

Паничните напади можат да бидат многу вознемирувачки, некои луѓе кои минале низ таа состојба чувството го опишуваат како да имале срцев удар или како да умираат. Важно е да ја уверат личноста која доживува напад дека не е во опасност. Симптомите, кои можат да се припишат на реакција на телото или борбата, обично се најсилни во првите 10 минути.

7. Прашајте што е потребно

Луѓето често се чувствуваат исцрпено по напад на паника. Внимателно прашајте ги дали сакаат чаша вода или нешто за јадење. Можно е да треперат или да им е претопло. Подоцна, кога ќе си дојдат на себе, може да ги прашате дали нешто од тоа им помогнало во текот на нападот.

Треба да знаете
Последни објави