Три пакети со експлозив пронајдени на аеродромите во Лондон

Антитерористичките единици испитуваат три пакети кои содржат експлозив, а се пронајдени на аеродромот Хитроу, потоа на аеродромот Сити во Лондон и на станицата Ватерло.

,,Малите импровизирани експлозивни направи” беа пронајдени во поштенски торби, информираше полицијата.

Никој не е повреден, но според полицијата станува збор за поврзани настани. Дел на аеродромот Хитроу беше евакуиран откако сомнителниот пакет беше пријавен во полиција во 9.55 часот по локално време.

Во наредните три часа, уште два пакети беа пронајдени во главниот град на Обединетото Кралство. Припадниците на специјалната полиција се на терен.

Треба да знаете
Последни објави