Украден „мерцедес“ во Арачиново

Крадец украл автомобил „мерцедес“, вчера во скопското село Арачиново. Според полицијата, С.С.(41) од село Арачиново во 19.40 часот пријавил дека истиот ден во периодот 17 до 19 часот во селото Арачиново непознат сторител го одзел неговиот автомобил „мерцедес 220“ кое било оставено отклучено и со клуч на бравата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави