Владата денеска го разгледа и го утврди новиот текст на предлог-законот за бесплатна правна помош, како дел од Стратегијата за реформи во правосудството, и кој има за цел да го уреди правото на бесплатна правна помош, постапката во која се остварува, корисниците, условите и начинот на неговото остварување, и кој треба да обезбеди еднаков пристап на граѓаните, особено на социјално ранливите и маргинализирани категории на граѓани, заради запознавање, остварување и овозможување ефективна правна помош, во согласност со начелото за еднаков пристап до правдата.