Џереми Хант: Позитивни сигнали од Брисел

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант денеска изјави дека напредуваат разговорите за Брегзит со Европската унија.

Преговарачите во Брисел се обидуваат да решат, како што велат тие, „нерешлив проблем”.

– Сигналите, кои ги добиваме, се позитивни, вели Хант.

На состанокот, покрај преговарачот на ЕУ  Мајкл Банер, присуствуваат министерот за Брегзит Стивено Беркли и државниот обвинител Џефри Кокс.

Велика Британија бара измени на договорот за Брегзит, кој беше одбиен од британскиот Парламент.

Европските лидери бараат да не биде повторно отворен правно обврзувачки договор за повлекување.

Меѓу другото, потребно е да се договорат гаранции дека нема да има промена на статусот на ирската граница.

До закажаното излегување на Велика Британија, остануваат уште 25 дена и има многу работи кои се нејасни околу условите за Брегзит.

Треба да знаете
Последни објави