Џеф Безос и понатаму најбогат човек на светот

Нема големи промени на овогодишната листа на Форбс на најбогатите луѓе во светот.Основачот на Амазон, Џеф Безос се уште е на првото место, пред Бил Гејтс и Ворен Бафет. Марк Цукерберг падна три места подолу на листата, а Мајкл Блумберг скокна за две места.

Според листата која ја објави денеска Форбс, богатството на 55-годишниот Безос се зголемило за 19 милијарди долари само последнава година, и достигна до 131 милијарди долари. Безос во последно време често беше мета на таблоидите поради најавите за развод.

Богатството на 63-годишниот Бил Гејтс, кооосновачот на Мајкрософт, малку поскромно порасна и достигна до 96,5 милијарди долари, во споредба со 90 милијарди долари минатата година.

Трет на листата на најбогатите е 88-годишниот Ворен Бафет, чие богатство се намали за 1,5 милијарди долари на 82,5 милијарди долари.

14 Американци се меѓу првите 20 милијардери. Франција има двајца претставници Бернар Арно и Франсоаз Бетанкур Мејер,наследничката на Лореал, која е на 15-то место и единствената жена меѓу најбогатите.

Треба да знаете
Последни објави