Американски бомбардери Б-52 прелетале над спорните острови во Јужнокинеското Море

САД во вторникот испратиле два бомбардери Б-52 на прелет во близина на спорните острови во Јужнокинеското Море, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Два бомбардери „Б-52Х стратофортртес“ полетаа од воздухопловната база „Андерсен“, на Гуам, и учествуваа во рутински мисии за обука, на 4 март 2019 година”, се вели во изјавата на американските Пацифички сили.

Еден бомбардер спроведе обука во близина на Ј Јужнокинеското Море пред да се врати во Гуам, а другиот спроведе обука во близина на Јапонија во координација со американската морнарица и заедно со нашите колеги на јапонски воздухопловни сили пред да се врати во Гуам”, се додава во соопштението.

Јужнокинеското Море содржи многу острови и гребени што во моментов се контролирани и заземени од Народна Република Кина, но право на нив бараат и неколку други држави, вклучувајќи ги Виетнам, Тајван, Камбоџа, Брунеи и Филипините. Освен огромниот интензитет на меѓународна поморска трговија низ оваа област, исто така се верува дека на таа територија има големи неистражени резерви нафта и природен гас.

Последната потврдена мисија на американската Пацифичка воздухопловна единица беше на 20 ноември минатата година.

Треба да знаете
Последни објави