Вечери на женски права „Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!”

Од денеска до 8 март ќе се одржи десеттото јубилејно издание на „Вечерите на женски права” во знак на овогодинешната тема за одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8 Март „Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!”.

Фокусот е на лидерките во индустријата, на start-up-и кои прават промена, социјални претприемнички, активистки и жени иноваторки, изнаоѓање начини преку кои иновацијата може да ги премости пречките и да го забрза прогресот кон родовата еднаквост.

Организатор на настанот е Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА Скопје, а настанот се реализира под покровителство на Град Скопје, со поддшка на UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, во партнерство со Институтот за родови студии – Филозофски факултет Скопје и Шведската амбасада во Скопје.

Програмата ќе се одвива во текот на три дена – 6 и 7 март во Кинотеката на Македонија и на 8 март во Младинскиот Културен Центар (Галерија и Кино Фросина). Влезот за сите три вечери е слободеn

Треба да знаете
Последни објави