(Видео)Откриена лабораторија за марихуана во Скопје

Скопјанец бил уапсен откако полицијата во неговиот дом открила импровизирана  лабораторија за марихуана, 52 саксии со стебла канабис, 1, 324 килограм марихуана, 54 капсули со вкупен волумен од 27 милилитри хашиш-масло, 11 шприцеви со 30,7 милилитри хашиш-смола, неколку семки канабис и вага со остатоци од марихуана и хероин.

СВР Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје поднесе крвична пријава против Н.Б.(31) од Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РСМ.


Полицијата вчера врз основа на претходно добиени оперативни сознанија извршила претрес во домот на пријавениот во Скопје.

При извршениот претрес во станот пронајдени се 52 саксии со стебла канабис, 1.324 килограми марихуана, 54 капсули со вкупен волумен од 27 милилитри хашиш-масло, 11 шприцеви со 30,7 милитри хашиш-смола, неколку семки канабис и вага на која имало остатоци од марихуана и хероин.

Во станот имало и инсталиран систем поточно, импровизирана лабараторија за одгледување и производство на канабис и производство на масло од канабис. Лабораторијата била опремена со сијалици, вентилатори, екстрактор за производство на масло од канабис, апарат за вакумирање, лед сијалици, термометри и тајмери, импровизирани сушари, апарат за навлажнување на воздух, стабилизатори за струја, карбон филтер со мотор и канти со непозната течност.

Треба да знаете
Последни објави