Главниот проблем во државата е недостигот на правда, истакна Мицкоски на средбата со полскиот амбасадор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со полскиот амбасадор, Војциех Тицињски.

Од опозициската партија информираат дека на средбата се разговарало за актуелните политички и економски случувања во Република Македонија, како и за, како што се вели, политичкиот прогон што го спроведува власта кон политичките неистомисленици.

„Главниот проблем во државата е недостигот на правдата и проблемите со владеење на правото“, посочил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и го информирал амбасадорот за политичкиот реваншизам што го спроведува власта кон политичките противници.

Соговорниците се согласиле дека вистинските реформи и евро-атланската интеграција на Македонија се клучни за стабилноста во регионот и дека искуството и помошта од Полска при овие процеси е од огромно значење за државата.

Треба да знаете
Последни објави