Подготовката за лето не подразбира само активно вежбање и упорна борба со вишокот килограми. Таа подразбира и борба со целулитот, која е долготрајна и затоа мора да ја започнете на време доколку сакате да се ослободите од овој естетски проблем, со кој се соочуваат многу жени.
Целулитот не е последица од прекумерна тежина, туку е предизвикан од прекумерно задржување на вода во телото, покрај нездравата исхрана и недостатокот на физичка активност. Всушност, целулитот е поткожна наслага на масно ткиво која се манифестира во вид на неправилни вдлабнатини на површината на кожата. За среќа, постојат неколку работи на кои може да обрнете внимание и да ја остварите вашата желба за нозе без целулит.
– Витаминот Ц е сојузник во борбата против целулитот, а го има во зелениот лиснат зеленчук како спанаќ, блитва, кељ и брокула.
– Јадете капини, брусница, аронија и боровинки, одлични сојузници се против борбата со целулитот бидејќи се богати со калиум и магнезиум.
– Бананата содржи висок степен на калиум кој го спречува задржувањето на вишокот вода во телото, затоа е важна намирница во исхраната. Вклучете и ананас, бидејќи содржи ензими кои позитивно влијаат на дигестивниот систем и го забрзуваат метаболизмот.
– Покрај исхраната внесете и консумација на зелен чај и повеќе вода.
Со здрава исхрана и секојдневна физичка активност, ќе го постигнете посакуваниот ефект, кога станува збор за борбата со целулитот.