Руските специјални служби минатата година отркиле неколку стотици шпиони, кои работата во служби на странски држави, кои се се поактивни во земјата, изјавил рускиот претседател Владимир Путин.
„Благодарение на успешните специјални операции, за време на 2018 година, спречени се активности на 129 кадри и 465 странски агенти“ рекол Путин во обраќањето до претставниците на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Рускиот претседател нагласил дека странските разузнавачки служби сакаат да ја зајакнат својата активност на руската територија и дека настојуваат со сите средства да добијат информации врзани за политиката, економијата, науката и технологијата.
Путин го критикувал интензитетот на активностите на странските агенти, додека западните земји сметаат дека Русија е вмешана во неколку шпионски скандали. Меѓу скандалите е и труењето на Скрипалови во Велика Британија. Британските власти за тоа ја обвинија Москва, која ги демантираше обвинувањата.