Шест земји од вкупно 29 членки на НАТО сојузот веќе го ратификуваа Протоколот за пристапување на државата во најголемиот и најмоќен безбедносен сојуз во светот, нагласуваат од владејаката СДСМ.
„Грција, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска и Црна Гора се првите земји кои ја отворија вратата на НАТО за влез на нашата Македонија“, потсетуваат од оваа партија.
Додаваат и дека во меѓувреме Данска, Франција и Романија ја започнале постапката за ратификација на Пристапниот протокол на државава во НАТО алијансата.
„Ратификацијата ќе продолжи и во останатите земји членки на НАТО Алијансата, а откако Протоколот ќе биде усвоен од сите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ ветуваат држава во која граѓаните ќе се чувствуваат безбедни и сигурни и економски стабилни.
„Членството во НАТО освен безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните“, истакнуваат од партијата и велат дека државата тргнала напред и запирање веќе нема.