Откако во јануари оваа година пулското Општинско државно обвинителство поднесе обвинение против пејачот Тони Цетински за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици во ноември 2017 година, пулскиот Општинскиот суд денеска го потврди обвинението, пренесува „Глас Истре“.
Цетински ја предизвика несреќата во Ровињ во која загина 62-годишниот Ибрахим Кевљанин.
Во обвинението се наведува дека Тони Цетински на тој судбоносен 3 ноември 2017 година, кога го прегазил Кевљанин, кој лежел пијан на Пуста улица, бил премногу навален во седиштето на својот мерцедес и затоа не можел да види дека Кевљанин сред бел ден лежи на грб на патот во акутно алкохолизирана состојба и со нарушено здравје.
Понатаму, на таа улица, каде што ограничувањето на брзината изнесува 50 километри на час, Цетински се движел со брзина од 33 километри на час за време на несреќата. А според наодите на експертот, за да може воопшто да запре требало да вози 18 километри на час.
Во времето на несреќата Цетински немаше алкохол во крвта, додека починатиот имаше дури 3,7 промила алкохол и некои лекови.
Во врска со бараната казна, во адвокатската канцеларија се повикуваат на одредбите од Кривичниот законик и тоа од небрежност. На Тони му се заканува затворска казна од една до осум години