Tуристите кои сакаат да ја посетат италијанската област Чинкве Тере ова лето нема да смеат да шетаат во сандали, апостолки или влечки.
На екипите за помош веќе им здодеа да им помогаат на туристите повредени по патеките што ги поврзуваат поранешните рибарски села долж брегот на североисточниот регион на Лигурија.
Oваа година властите на Националниот парк на сите им ги соопштија јавните информации, така што туристите не можат да кажат дека не биле информирани.
Оние што нема да ја почитуваат оваа наредба ќе платат парична казна од 50 до 200 евра во зависност од сумата што ќе ја одредат властите. Причината за оваа одлука доаѓа по серијата инциденти и несреќи што се случија во ова одморалиште. Следниот месец започнува туристичката сезона во ова место. Поради зголемениот број на крузери по должината на брегот, оваа година се очекуваат околу 750.000 патници во споредба со 450.000 минатата година. Многумина ќе дојдат тука со воз и друг превоз. Проблемот е што луѓето доаѓаат тука и мислат дека дошле на плажа, а патеките наоколу се навистина планински. Прво, сите ќе ги запознаеме со кампањата, а потоа ќе почнеме да ги применуваме санкциите, рече Патрицио Скарпелини, управник на Националниот парк.