Француски затвореник избодел двајца затворски чувари

Еден радикализиран затвореник избодел двајца стражари во затвор во северозападниот дел на Франција, предизвикувајќи напната ситуација во затворот. Осомничениот подоцна бил повреден и совладан, пренесува РТ.

Затвореникот бил со својата сопруга во соба за посета во затворот со високо обезбедување во вторникот, кога ги избодел двајцата чувари со керамички нож, извикувајќи ,,Алаху Акбар”. Затвореникот потоа се повлекол во друга просторија и се заклучил со својата сопруга неколку часа.

Тоа беше обид за убиство. Насекаде имаше крв. Одделот за посета беше како бојно поле “, вели еден член од затворскиот персонал.

И покрај очигледната сериозност на нападот, повредите на жртвите не биле сериозни и не биле земени заложници.

Треба да знаете
Последни објави