Двегодишно девојче почина на Детската клиника, причина пнеумокок

Две и полгодишно девојче починало од компликации по бактериска инфекција пнеумокок, во понеделникот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Детски болести, соопшти денеска Клиниката.

Девојчето било примено во понеделник попладне на Клиниката за детски болести со знаци за сериозна бактериска инфекција.

Претходно, детето било релативно здраво, со респираторен инфект било третирано една недела од матичен лекар.

Дента поради влошување на состојбата детето е донесено на Клиниката и било примено на одделот за интензивна нега, каде било поставено на респиратор. Но, и покрај сите преземени тераписки процедури по престој од 12 часа детето починало.

Од првичните испитувања за причината за смртта на девојчето, е дека се работи за пнеумококна бактерија, односно инвазивна пнеумококна болест.

Ова го изјави директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ, денеска пред Клиниката.

Ставриќ рече дека детето било примено на интензивна нега во понеделникот попладне, во тешка клиничка слика на сепса. Детето претходно било релативно здраво, со респираторена инфекција и една недела било третирано од страна на матичен лекар.

– Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено е на Оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите преземени тераписки процедури по престој од 12 часа детето почина, се вели во соопштението од Клиниката за детски болести.

На Клиниката за детски болести, како што информира Ставриќ, во моментов има околу 30 деца со грип и околу десет деца со морбили.

Треба да знаете
Последни објави