Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени ги погоди Филипините во близина на островот Минданао, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот, регистриран на длабочина од 60 км, се случи околу 200 км североисточно од градот Давао, каде што живеат околу 1,2 милиони луѓе. Досега нема извештаи за загинати или повредени.
Филипинските власти предупредија дека се очекуваат афтершокови.