Кети Пери откри како го запознала Орландо Блум

Пејачката откри интересна приказна како се запознала со својот сегашен свршеник, актерот Орландо Блум.

За време на премиерната емисија на американски идол Кети кажа дека се запознала со Орландо во ресторанот за брза храна „In-N-Out“.

„Може ли да ви откријам нешто? Свршеникот го запознав во ресторан за брза храна во Лас Вегас. Го испратив телохранителот да ни земе храна, а потоа ја видов раката на Орландо како ги зема бургерите од нашата маса. Јас веднаш му кажав дека тоа е мој бургер и да го остави“, рече Кети.

Пред да ја запознае Кети, Орландо бил во брак со моделот Миранда Кер со која го има синот Флин, а Кети била во брак со комичарот Расел Бренд.

Треба да знаете
Последни објави