Во понеделник почнуваат велигденските пости.
Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Велигденскиот пост е најдолгата и најстрогата форма на постење, а постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност.
Постот е потреба и за телесното и за духовното здравје. И најважно, постот не е само воздржување и одрекување од храна, туку е важен и духовниот пост – одрекувањето и воздржувањето од секое зло и грев.
Во тие дни треба да се испитаме себеси, да се воздржиме од лошите мисли, зборови и дела, да се покаеме и да се исповедаме. Да се измириме и да се очистиме. Духовно да се зајакнеме и да се збогатиме. Да правиме добри дела и да покажеме љубов кон Бога и кон луѓето, велат од МПЦ
Според свештениците правилниот пост е од понеделник до петок да се готви без масло, а сабота и недела со масло, додека пак рибата е дозволено да се јаде два пати во текот на постот, за Цветници и за Благовец
Но свештениците препорачуваат овој пост да се практикува првата и последната недела, а во останатите недели пост без масло да се практикува понеделник, среда и петок. Доколку несвесно го прекршите постот, црквата препорачува да продолжите да постите