Обединетите нации денеска предупредија дека производството на храна во Северна Кореја минатата година паднало на најниско ниво во последните 10 години, односно дека милиони луѓе во таа земја се во состојба на глад.
Како што објавија ОН, на 3,8 милиони од вкупно 25 милиони луѓе итно им е потребна хуманитарна помош, во вкупна вредност од 120 милиони долари, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Северна Кореја со децении наназад се бори со хроничен недостиг на храна поради дисфункционалниот државен систем за споделување оброци и меѓународните санкции наметнати кон земјата поради нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.
Минатата година Пјонгјанг повика на општа битка против големиот топлотен бран, предупредувајќи ја својата мисија при ОН во Њујорк за криза поради недостиг на храна.
Долготрајниот топлотен бран, проследен со тајфуни и поплави, минатата година довел до пад на приносот од девет отсто во споредба со 2017 година, предупреди ОН.