Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола вчера извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло, при што биле контролирани 445 возила. При контролата, констатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, седум возачи управувале без возачка дозвола, кај пет возачи е утврдено присутво на алкохол и се отсртанети од сообраќај. Нерегистрирани биле четири возила, на мобилен разговарале двајца возачи, а шест возачи не користеле сигурносен појас. Исто така, осум возачи се писмено опоменати, на 48 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а изготвени се и 17 прекршочни налози. При контролата откриени се и други 18 видови останати прекршоци.