Иако огромно мнозинство во светот сè уште го смета Николас Мадуро за легитимен лидер на Венецуела, специјалниот пратеник на САД посочи дека Вашингтон би можел да санкционира трети страни кои им пркосат на напорите на САД за промена на режимот, пренесува РТ.
Меѓународната заедница мора мудро да избере страна во конфликтот во Венецуела, рече во вторникот „надглeдувачот“ на американската интервенција во Латинска Америка, специјалниот претставник Елиот Абрамс, истакнувајќи дека Вашингтон нема да ги насочи економските санкции само против владата на Мадуро, туку кон сите кои ќе го поддржат.
„Секундарните санкции се јасна можност”, рече Абрамс.
Досега околу 54 земји потклекнаа под притисокот на САД и го признаа самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо, кој од јануари се бори за промена на власта.
„Иако САД тврдат дека моментумот е добар за да се придобијат повеќе земји, поголемиот дел од земјите во светот ги отфрлија империјалистичките амбиции на Вашингтон,“ изјави Колин Кавел, вонреден професор по политички науки на државниот колеџ „Блуфилд“.
„Американската администрација го интернационализира венецуелскиот конфликт на многу опасна основа … заканувајќи им се на други земји кои соработуваат со Венецуела и велејќи дека ‘ако не ги поддржувате нашите санкции, и вас ќе ви наметнеме санкции’“.
Санкционирањето на владите низ целиот свет поради поддршката на Мадуро не само што го крши меѓународниот закон, туку го истакнува безобразното мешање на САД во внатрешните работи на една суверена нација, смета Кавел.