Повеќе експлозии избувнаа рано изутринава во источниот дел на Авганистан во градот Џалалабад, соопштија локалните власти.
Според информацијата, цел на нападот била приватна компанија во близина на аеродромот.
– Двајца напаѓачи ги активираа експлозивите кои се наоѓале во нивните елеци, а други двајца биле застрелани од безбедносните сили, истакна портпаролот на провинцијата, Атаулах Хогиани.
Засега никој не преземал одговорност за нападот, ниту пак постои информација за евентуални повредени или загинати лица.