Стоилковски: Пендаровски е докажана и продолжена рака на заевизмот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски продолжува со серијалот на цитати на како што вели „полтронот на Зоран Заев, на поклоникот на заевизмот, Стево Пендаровски“.

„Не ме интересира организиран пренос на гласови. Тој таканаречен трансфер на гласови кој го договараат партиските лидери не ме интересира! Ова го вели Пендаровски, пред сега да седне во Мала Речица и да моли за контингент гласови! Стево Пендаровски во 2016 година пак тврдеше дека нема како што вели „капарисано функција„, а веќе по втор пат е кандидат за претседател на државата. Тоа е истиот човек кој што цел живот има некаква политичка функција. За потсетување, во 2014 година одрекуваше дека ќе биде претседателски кандидат на СДСМ, а за време на тогаш неговите редовните негови партиски трибини се фотографираше во Гази Баба со транспарент зад себе на кој што пишува Стево за претседател. И тоа го негираше. Истовремено ги негираше  и страниците за поддршка на социјалните медиуми велејќи дека не знае чиви се, вели Стоилковски.

 

Според него, заевизмот не му е непознат на Стево Пендаровски, човекот се што кажуваше во кампањата, потоа го погази со тоа што ги поддржа сите заевистички зафати- од тоа што го одобри консултативниот референдум, за кој што говореше дека такво нешто е невозможно, до промената на името и капитулантскиот договор, за што велеше дека  е невозможен без широк консензус.

-Пендаровски е докажана и продолжена рака на заевизмот. Втор Заев ќе значи крај за државата, втор Заев ќе значи аминување на криминалот, економската девастација, губење на се што значи Македонија. Граѓаните знаат, граѓаните го препознаваат заевизмот кај Пендаровски, и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе го зададат првиот сериозен удар за спас на државата. Граѓаните сакаат право и правда, а не уште еден кажувам, заборавам, негирам! Почитувани, крајот им се ближи, Гордана Силјановска Давкова е победник на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ е победник на предвремените парламентарни избори. Да ги испратиме Заев, Пендаровски и заевизмот во историјата!, вели Пендровски.

Треба да знаете
Последни објави