СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Д.(45) од Куманово и ДПТУ „Алуна Тим” ДОО Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”. Првопријавениот, како управител на второпријавеното правно лице, во годишната даночна пријава за 2017 прикажал добивка со намален износ за 11.974.861 денари од реално остварената добивка на второпријавеното правно лице, по што извршил уплата на данок во износ намален за 1.197.486 денари. На овој начин, првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.197.486 денари на штета на Буџетот на РСМ. вј/