Приврзаник на Исламската држава, кој планирал да убие 100 луѓе во спектакуларен терористички напад во Лондон, е осуден на 15 години затвор.
Осудениот 27-годишниот Луис Ладлоу претходно се изјаснил за виновен за подготовка на терористички напад и собирање средства за Исламската држава. Полицијата ги пронашла искинатите планови за напад во канта за отпадоци.
Обвинителите тврдат дека Ладлоу напишал оти Оксфорд стрит е идеална цел бидејќи може да се убијат речиси 100 луѓе. Ладлоу имал и список на потенцијални цели, меѓу кои биле и музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“, катедралата на свети Павле и шиитскиот храм во источен Лондон.
Тој планирал да замине на Филипините, а на „Фејсбук“ направил страница преку која собирал пари за екстремистите на Филипини.
Ладлоу е уапсен во 2018 година и обвинет за планирање напади. Тој пред судот рекол дека еден екстремист од Филипините го присилил да го изведе нападот. Но, судот навел дека неговата посветеност на насилниот екстремизам е многу длабока и го осудил на доживотна казна. Првите 15 години осудениот нема да има право да бара условно ослободување.