На десетици илјади ловџиски кучиња во Шпанија им се заканува смрт во агонија, зошто нивните сопственици масовно ги оставаат да изумрат. Причина за тоа е што сезоната на лов е при крај, а кучињата се голем трошок за ловците во останатиот дел од годината.
Поради тоа ловците се решаваат од своите кучиња на многу суров начин со фрлање во бунар со затворање на отворот, за да не можат да побегнат, со ресекување на вратот, обесување или запалување.
За жал ова не е прв пат да се случува вакво нешто. Шпанските здруженија за заштита на животните, проценуваат дека секоја година се убиваат или оставаат до 50 илјади кучиња, пренсе британски „Сан“.
Британската активистка Ана Клементс, која живее во Шпанија, со години води кампања за спас на хртови. Секоја година таа и здружението СОС Галгос од Барселона спасуваат околу 350 отфрлени кучиња.