Езеро или пластика – Lend Art на брегот на Дебарското Езеро

Познатиот ликовен уметник од Ростуше, Адем Сулејманоски изработи Ленд арт  „Езеро или пластика” на брегот на Дебарското Езеро, кај месноста Мелнчки мост, посветен на загадувањето со пластични шишња на езерото.

Секоја година помеѓу 40 и 60 илјади пластични шишиња се слеваат во водите на Дебарското Езеро. Овој проблем секогаш е актуелен напролет кога високите водостои на реките и потоците во Дебарско-реканскиот регион,  подрачјето на Жупа носат огромни количини пластичен отпад во езерскиот басен.

-Интервенцијата се наоѓа на брегот на Дебарското Езеро кај месноста Мелнички мост во близина на селото Долно Косоврасти. Ленд артот е со димензија 8х3 метри и е изработен од камен и мешани материјали. Идејата на овој ленд арт е да укаже на потребата од регулирање на собирањето отпад и намалувањето на езерото кое иако има квалитетна вода сепак е преполно со механички отпад каде доминираат пластичните шишиња и останатиот пловечки пластичен отпад, вели Сулејманоски.

Ленд артот „Езеро и платика” е дел од серијата ленд артови со еколошка тематика кои авторот ќе ги работи оваа пролет во рамки на проектот „Лeнд арт и креативни акции врз оштетена инфраструктура”, кој е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество- Македонија.

Од оваа негова активност изработен е и видео запис.

Сулејманоски, кој е  актуелен директор на деветолетката „Ѓорѓија Пулески” во Ростуше, за МИА изјави  дека освен ликовните дела што ги создава, главна преокупација му е да даде придонес во подигањето еколошката свест кај населението за да се зачува од загадување и унуштување овој еден од најубавите краеви во нашата земја, кого Бог го дарувал со многу природни убавни, а вредните раце на мајсторите оставиле објект од непроценливо знаење, мостови, цркви, џамии, манастири, кои секој би посакал да ги посети и види.

Треба да знаете
Последни објави