Во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, на 7 март (четврток), со почеток во 12 часот, НУ Музеј на македонската борба организира изложба и хуманитарна работилница на тема Жената борец за слобода и македонска државност.
На традиционалниот настан во организација на едукаторите Ана Вишинова и Даниела Митевска, ќе се обрати и директорката на музејот, Даниела Николова, а покрај изложените експонати за жените борци од македонската историја, ќе бидат презентирани и Праисториските дами од Македонија од Ирена Колиштрковска-Настева (Археолошки музеј на Македонија). Во рамки на свеченоста ќе настапи ансамблот „Македонија“, додека хуманитарната работилница ја реализираме во соработка со Здружението на инвалиди „Мобилност“ од Скопје.