Природно русокосите жени се вистинска реткост. За сите оние кои се љубители на светла коса еве во кои земји може да сретнете најмногу русокоси.
Во централните скандинавски земји живеат најмногу русокоси, 8 од 10 жени кои ќе ги сретнете се со природна руса боја на косата. Норвешка, Шведска и Финска се земји со дури 80 проценти на природни русокоси.
Со помал процент следуваат балтичките земји, како и истокот на Велика Британија. Од друга страна, подрачјето на Медитеранот има помал процент на природно русокоси жени, па нивниот број е од 1 до 10 проценти, зависно од земја до земја.
Дали сте знаеле дека научниците статистички имаат пресметано дека до 2202 година воопшто нема да има русокоси жени во светот? За сето тоа е виновно мешањето на тотално различни гени, како и глобализацијата.
За земји со најубави природно русокоси жени важат:
1. Финска
2. Латвија
3. Австралија
4. Шведска
5. Украина
6. Норвешка
7. Русија
8. Естонија