Мадуро: Ќе го победам споулавеното малцинство

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро синоќа изјави дека ќе го победи „споулавеното малцинство” кое сака да ја дестабилизира државата.

За време на церемонијата по повод шестгодишнината од смртта на поранешниот претседател Уго Чавез, Мадуро ги повика сите негови приврзаници да се придружат на „анти-империјалистичките” демонстрации, кои ќе се одржат напоредно со опозицискиот протест на 9 март.

Лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо претходно рече дека преговара со синдикатите за со штрајкови да се парализира јавниот сектор.

Гуаидо, кого најголемиот дел од западните демократии го признаа за привремен претседател на Венецуела, во понеделникот се врати во Каракас без проблеми, иако имаше стравување дека ќе биде уапсен што се врати во земјата.

Треба да знаете
Последни објави