Од Драчево тргна потфатот за реконструкција на повеќе градски улици и булевари

Со реконструкцијата на улицата Антон Димитров во Драчево истата ќе се обнови во вкупна должина од 1.450 метри, велат од Град Скопје.

Во рамки на инфраструктурниот потфат, на терен ќе се вградат порамнителен и завршен слој на коловозот со површина од околу 10 000 квадратни метри, како и тротоари од бекатон на површина од околу 6.500 квадрати.

Увид во градежните работи на оваа улица денеска изврши градоначалникот Шилегов.

„Град Скопје годинава ќе реконструира повеќе булевари и улици што се во наша надлежност. Од редот на приоритетите ги издвојувам првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот АСНОМ, реконструкцијата на дел од булеварот Партизански одреди и на улиците Февруарски поход, Лазар Личеноски, Брадфордска, како и обновата на улицата на којашто се наоѓаме денеска, Антон Димитров, поранешната улица Жарко Зрењанин. Реконструкцијата на улицата Антон Димитров е предвидено да заврши годинава, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу 19,4 милиони денари“, рече скопскиот градоначалник.

Улицата Антон Димитров секојдневно ја користат жителите на Драчево и околните населби во општината Кисела Вода. Поради градежните активности, на улицата ќе биде воведен привремен режим на сообраќај, а Шилегов апелираше до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат до поставениот режим.

Треба да знаете
Последни објави