Пијан Германец маскиран во каубој со пиштол им се заканувал на гости во ресторан

Штутгартската полиција синоќа била принудена да интервенира откако добила пријава од гости во еден ресторан дека маж маскиран како каубој им се заканува со пиштол.

Педесетгодишниот маж, по повод вчерашниот последен ден од карневалската свеченост се маскирал како каубој, по што пијан упаднал во еден од градските ресторани и на гостите им се заканувал со пиштол.

Вооружениот каубој бил многу убедлив во сцената што ја приредил, па еден од исплашените гости повикал полиција.

Прегледот на оружјето покажал дека пиштолот е лажен, но и покрај тоа, човекот бил пренесен во полициска станица.

Тој ќе биде задржан во притвор за понатамошна истрага поради прекршување на законите за оружје

Треба да знаете
Последни објави