Италијанците наскоро би можеле да бидат принудени да увезуваат значително количество маслиново масло поради падот на производството предизвикано од екстремните временски услови, предупредуваат климатолозите.
Лошите временски услови и мразот во изминатите неколку месеци доведоа до пад на производството на маслиново масло за 57 отсто во 2018 година, а секторот тоа го чинеше речиси една милијарда евра, објави „Си-ен-ен“.
Поради таквата ситуација, земјоделците излегоа на улиците во знак на протест, барајќи активни мерки за да се спречи понатамошниот надолен тренд во производството.
Екологот Рикардо Валентини од Евро-медитеранскиот центар за климатски промени смета дека екстремните временски услови дополнително ќе го оштетат земјоделството и дека е веројатно дека Италијанците ќе мора да увезуваат маслиново масло. Тој истакна дека маслиновото дрво е многу чувствително на промени на климатските услови.
Европа се соочува со екстремно топло или ладно време во последниве години поради климатските промени, кои не ја заобиколија ниту Италија.