Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека нема шанси за преговори или компромис со САД, бидејќи Вашингтон наводно се обидува да ја собори Владата во Техеран.
Рохани во телевизиското обраќање рече дека САД сметаат оти Иран треба да се врати на она што беше пред Исламската револуција во 1979 година.
– Ние велиме – нема да се враќаме назад, рече Рохани.
Тој повтори дека разликите меѓу Иран и САД се големи и оти за нив не може „ниту да се преговара, ниту да се постигне компромис”.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп во неколку наврати ги осуди иранските тврдења дека Вашингтон се обидува да ја собори Владата во Техеран.
САД сакаат Иран радикално да ја смени својата политика и да престане да ги поддржува регионалните екстремистички групи, како и да престане да развива балистички ракети со голем дострел