Денешното рочиште за случајот „Тревник” на СЈО е одложено за 29 март поради отсуство од здравствени причини на првообвинетот Драган Павловиќ Латас.
Неговата адвокатка Анита Бегова до судот достави лекарска потврда дека Латас е на боледување поради воспаление на средно уво.
Во случајот „Тревник” обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково.
Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без одобрение за градење.