Kосовскиот премиер Рамуш Харадинај најави дека во Приштина во април ќе се одржи средба на премиерите на земјите од Западен Балкан, каде што ќе биде присутна и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, според „Коха“.
На вчерашната седница на владата, тој побара од членовите на кабинетот да ја одобрат иницијативата за собирање на сите, како што вели, регионални лидери, како и европскиот комесар за преговори за проширување и соседство, Јоханес Хан.
„Сакам да ги доведам тука и да разговарам за прашања кои се важни за имплементација на Договорот за стабилизација и асоцијација, но и за понатамошната интеграција на Косово во Западен Балкан“, рече Харадинај.