Бали-бег му отвори инстаграм-профил на својот нероден син

Турскиот актер Бурак Озчивит (34), кој се прослави во „Сулејман Величествениот“, се ожени со Фахрие Евџан (32) во 2017 година и сега го чека првото дете. Актерката е веќе во седмиот месец од бременоста, а на јавноста ѝ е познато дека двојката ќе добие син. Двојката, се чини, многу се радува на бебето и веќе му отворија профил на „Инстаграм“, притоа откривајќи го  името што ќе му го дадат. Каран Озчивит, иако сè уште не е роден, веќе го следат повеќе од 87.000 луѓе.

Бурак има 12 милиони следбеници, но на многумина не им се допадна неговиот потег и го опишаа како болен. Тие му забележуваат дека се обидува да заработи пари преку својот син и дека собира спонзори.

Познатиот турски актер се оправдуваше дека на тој начин сакал всушност да го заштити својот син од лажните профили што луѓето би можеле да ги отворат по раѓањето на момчето. Инаку, Бурак веќе почна да штеди за иднината на својот син. Тој му отвори банкарска сметка со 300 000 евра. Така му обезбеди богатство на неродениот син додека да наврши 18 години.

Треба да знаете
Последни објави