(Видео) Костовски: Спротивно на зборовите на Заев, се брише придавката македонски/македонска од институциите

Македонија и Македонците го губат институционалниот идентитет како вовед во губењето на националниот идентитет. Предупредувавме дека со капитулацијата на Зоран Заев е загрозен идентитетот и сега гледаме како во пракса се брише сè што е македонско, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев тврдеше дека идентитетот е зачуван. Премиерот велеше дека останува придавката македонски. Спротивно на сè што зборуваше Заев, деновиве сме сведоци на бришење на придавката македонски/македонска од државните институции. Владата објави листа со над 136 институции, кои добија нови имиња. Со промената се бришат придавките македонски/македонска, па така Македонската радио-телевизија, станува Национална радио-телевизија, Македонската информативна агенција – Национална информативна агенција, ЈП ‘Македонски шуми’ станува ЈП ‘Национални шуми’, додека Македонски пошти, по преиуменувањето на Заев е Национална пошта“ нагласи Костовски.

Новите имиња на институциите, според него, може да предизвикаат проблем и во меѓународната комуникација на истите, како што наведува, тие не кажуваат чии се и на која држава.

„Чиј јавен сервис е Националната радио-телевизија? На која држава? На која земја е ЈП ‘Национални шуми’? Ова е една целосна конфузија и понижување за сопствената нација приредено од Зоран Заев, човекот кој две години ништо не направи освен што ја понижува сопствената држава.

Промената на имињата на институциите е доказ дека идентитетот е целосно променет. Доколку е зачуван институционалниот идентитет и доколку придавките македонски/македонско остануваат, зошто сега се менуваат називите на институциите? Дали Зоран Заев се договорил зад затворени врати и нешто повеќе од тоа што првично тврдеше?

Господине Заев, што уште нè очекува, уште колку понижувања ќе треба да голтнат граѓаните?“ праша Костовски.

Треба да знаете
Последни објави