Светлата на семафорите на пешачките премини во словенечкиот град Крањ на 8 Март во чест на Денот на жената ќе прикажуваат женски наместо вообичаените машки фигури.
Семафорите ќе бидат поставени пред Гинеколошко-акушерската болница во Крањ, а тоа ќе бидат првите семафори со женски силуети во Словенија, објави СТА.
И покрај напорите на жените за постигнување родова еднаквост, машките фигури сè уште се доминантни, констатирал Градскиот совет додавајќи дека ова не се однесува само на семафорите.