Секоја сабота, кинескиот фармер Ли Ерјоу врти на мобилниот телефон на својот син, кој бил меѓу 239-те патници на летот на мале авион MH370, кој исчезнал пред пет години.
“Не ме интересира што има другата страна”, рекол 60-годишниот фармер од руралниот регион Хандан, во северната покраина Хебеј, опишувајќи го својот неделен ритуал.
“На синот секогаш му кажува и неколку зборови”
Ли Јанлин, кој работел во Малезија за гигантот за телекомуникациска опрема ZTE, имал 30 години кога влегол на летот од Куала Лумпур за Пекинг и исчезнал на 8-ми март 2014-та година, со уште 153 кинески граѓани кои биле во авионот.
“Мојот син беше првата личност од нашето село која со авион отиде во странство”, рекол неговиот татко, додека го прегледувал албумот со последните фотографии на синот, а кои неговите родители ги симнале од социјалните мрежи.
Мајката на Ли рекла дека често плаче и дека и е дијагностицирана тешка депресија.
Напорите за лоцирање на авионот засега биле неуспешни.
Во јануари во 2017-та година, Австралија, Кина и Малезија ја откажале двегодишната потрага, бидејќи не пронашле траги од авионот.
Втората, тримесечна потрага, предводена од американската истражувачка компанија “Ocean Infinity”, завршила неуспешно минатиот мај.