Манафорт може да го мине останатиот дел од животот во затвор

Поранешниот шеф на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манофорт, може да го помине остатокот од својот живот во затвор, доколку денеска биде осуден  по обвиненија за даночни и банкарски измами.

Манафорт, кој следниот месец ќе наполни 70 години, беше обвинет во август по пет обвиненија за даночна измама, два за банкарска измама и едно за тоа што не пријавил дека поседува сметка во странска банка.

Доколку Судот во Вирџинија денеска го прогласи за виновен, тој може да добие затворска казна од 19 до 24 години. Неговите адвокати апелираат на поблага казна поради неговата влошената здравствена состојба по девет месеци минати во затвор.

Претседателот на САД може да го помилува но само во однос на федералните кривични дела, додека за кршење на законите на сојузната држава Њујорк, Манафорт не може да биде помилуван од претседателот.

Треба да знаете
Последни објави