Лидерот на ВМРО ДМПМЕ Христијан Мицкоски, во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа кажа дека Пендаровски самиот признал дека не е консензуален кандидат туку дека е кандидат за спас на кариерата на Заев.
– Навистина сум збунет дали е консензуален или не е консензуален кандидат, господинот Пендаровски затоа што вчера го слушав на едно интервју малку делуваше како да не е во сопствената кожа и кажува те бил те не бил, те ги почитувал одлуките те не ги почитувал одлуките на СДСМ и така натаму па од кога имаше малку непријатни прашања видовме дека практично е збунет и конфузен односно не знае дали е консензуален или не е консензуален. Но она што е важно е суштината е дека не само што не е консензуален кандидат туку тој е кандидат за спас на политичката кариера на Зоран Заев и аминување на заевизмот, истакна Мицкоски.