ЕБУ официјално потврди дека македонската претставничка Тамара Тодевска ќе настапи под името Северна Македонија на претстојниот Евросонг во Тел Авив во мај.
Во известувањето се додава и дека на сите места, како што е делот со информацијата за Македонската телевизија, на пример, досегашната референца „ПЈР Македонија” ќе биде заменета со Северна Македонија.
МТВ утре ќе објави со која песна Тамара ќе настапи на годинашниот Евросонг.
Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале, беше Калиопи во 2012 година.