Контроверзниот победник на Евросонг 2014, Томас Нојвирт, кој настапуваше под уметничкото име Кончита Вурст, најави на „Инстаграм“ дека наскоро ќе ја заврши кариерата под тоа уметничко име. На социјалните мрежи, Томас почнал да ги брише фотографиите на кои настапуваше како Кончита, со што го потврди она за кое се зборуваше последниве денови. Откако целосно го смени својот имиџ бричејќи ја главата, Томас на Инстаграм го објави целосното исчезнување на Кончита, а почетните букви од неговото име (Т, О и М) се само навестување на она што ќе се случува наскоро.
Морам да ја убијам Кончита”, најави Томас Нојвирт, кој во иднина ќе настапува под своето вистинско име. Тој најави дека неговиот план ќе биде спроведен во дело на 8 март, кога ќе ја започне својата нова кариера, сосема поинаква од онаа на која сме навикнати досега.