Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека остварила приходи од 6,4 милијарди долари (5,65 милијарди долари) и 2,74 милијарди долари резерви во финансискиот период 2015-2018, што е подобаро од очекуваното.
Во периодот од 2011-2014 година, ФИФА остварила приходи од 5,72 милијарди долари и резерви од 1,52 милијарди долари. Резултатите се постигнати до јуни 2018 година, кога започна Светското првенство во Русија.
ФИФА во 2015 година ја погоди корупциска афера, по што некои од големите спонзори ја прекинаа соработката. Поради оваа причина, финансиските експерти беа скептични дека ФИФА ќе успее да ги достигне планираните бројки, кои сега се такви што овозможуваат опстанок на федерацијата.