Американски сенатор изјави дека била силувана од претпоставениот офицер додека служела во воздухопловните сили, пренесе Би-би-си.
Сенаторката Марта МакСали, кој е првата американска жена- борбен пилот, зборуваше за сексуални напади во војската.
Сенаторката од Аризона, која е од редовите на Републиканците, рече дека не пријавила за силувањето зошто се чувствувала засрамена и збунета и не верувала во системот.
Во 2017 година речиси 6.800 сексуални напади биле пријавени во американската војска, што е зголемување од 10 отсто во претходната година.
Педесетидвегодишната сенаторка, вчера зборуваше за време на сослушувањето на поткомитетот за вооружени служби на Сенатот, во кој учествуваа жртви на сексуален напад.
“Криминалните дејства објавени од страна на сенаторот МекСали кршат секој дел од тоа што значи да се биде воен пилот”, изјави портпаролката на воздухопловството за време на сведочењето.
“Ние сме згрозени и длабоко жалиме за она што го доживеа сенаторот МекСали и стоиме зад неа и сите жртви на сексуален напад” додаде портпаролката.
МекСели рече дека се надева оти ќе им даде надеж на жртвите од сексуални напади, со тоа што ќе го открие своето искуство.
“Како тебе, исто така сум воен пилот, кој преживеал сексуален напад, но за разлика од толку многу храбри преживеани, не пријавив дека сум сексуално нападната. Како и многу други жени и мажи, тогаш не му верував на системот”, рече таа .
“Се обвинував себеси, се срамев и бев збунета”, рече таа. “Сторителите ја злоупотребија својата позиција и моќ на длабоки начини. Во еден случај, јас бев мажена и силувана од страна на претпоставениот офицер” истакна МекСели.