Деветгодишниот Милош се подготвува за на училиште.Освен, ранецот со книги, секое утро прави подготовки и за неговиот необичен превоз.
„ Eве сега е топло може и пешки, ама некогаш со магаре. А не е сега време дете со магаре да носиш на школо. Тоа е..условите се тешки – вели татко му Трајан.
Часовите во скопското училиште во Сушица почнуваат подоцна од стандардното време, бидејќи на учениците од Живиње, за да стигнат им треба околу еден час, ако одат пеш, и двојно повеќе за да ја искачат угорнината за назад кон дома.
„Не заслужува едно детенце да живее во такви услови искрено речено. Мислам дека кај луѓето хуманоста ќе се разбуди и ќе затоа што на ова семејство навистина му е потребна помош.“ – вели неговата учителка Силвана Василевска.
Милош е еден од најредовните ученици во неговиот клас. За неговата учителка, тој е херој, бидејќи вели никогаш не можела да претпостави, во вакви услови живее. Не можевме ниту ние.
„Еве гледате.. не е нешто нај нај… Плафон немаме, со картони е покривот…Овде спиеме сите, ама не можеме ни да варосаме ни да одиме на пазар, финансиски сме слаби.. Тоа е… Животот е таков“
На триесетина километри од Скопје, а отсечени од светот. Во домот на семејството Трајановски времето како да застанало пред половина век. Пред дваесет и две години во оваа куќа мајка му сама го родила неговиот брат. Милош пак, роден со болно срце, веднаш го однеле на операција во Бугарија. Од тогаш досега, девет години не направил никаков преглед, бидејќи и за тоа требаат пари.
„Така е..мора да се живее, со маки..што викаат.“ Јас сакам да работам, ако имаш услови можеш ама ако немаш, како ќе работиш?“ – велат Трајан и Даниела Трајановски.
Надлежните тврдат овие луѓе не се заборавени, иако социјалните служби не го најдоа ова семејство во нивниот систем. A достоинствени услови и пристап до образование ветуваат и дваjцата градоначалници кои ги делат ингеренциите за Живиње во планинската долина меѓу Скопје и Куманово. Оние малкумина кои останале тука, искрено сакаат да веруваат дека државата ќе се заложи за да го задржи животот и во овие делови од градот, за кои Милош знае да се пошегува дека имаат повеќе куќи од луѓе..Неговите родители се надеваат дека ако не и за нив, подобро утро ќе светне за нивните деца. До тогаш, искрено ќе се радуваат на било каква хуманитарна помош.
Трансакциска сметка
210501728442564 Трајановски Миле